• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се запиша во листата на стрелците на дебито за неговиот нов клуб Мариупол.
Спировски премиа како слободен во украинскиот шампионат и погоди по 25. минути игра на првиот настап, во натпреварот против Олександрија (1-1).
Играчот од средниот ред реализира откако една топка од слободен удар заврши во пречката, а тој со глава ја смести во мрежата на противничкиот тим.
Навивачите на Мариупол се задоволни од дебито на Спировски. Македонецот одигра едно полувреме и доби солидна оценка за прикажаното.