Спировски: Претходните првенства ги гледавме на ТВ, ова е круна на нашите кариери (ВИДЕО)

Некои од македонските репрзентативци овој викенд ги завршија клупските обврски, а некои имаа неколку дена да одморат пред стартот на подготовките на селекцијата за Европското првенство. Искусниот фудбалер за врска, кој од сезонава игра во Кипар, Стефан Спировски веќе неколку дена тренира во родната Битола, пред заедничкиот собир вечерва.

Спировски не крие дека сон му е достоен настап и пласман во следниот клуб на шампионатот.

„Знаеме што значи Европско првенство за Македонија. Ќе се обидеме овие три недели, колку што ни преостануваат, да се спремиме што подобро можиме. Ќе ги анализираме противниците и ќе пробаме да одиграме најдобро што можеме. Ќе се обидеме да се пласираме во следниот круг. 

Групата не е атрактивна, ќе бидат изедначени сите натпревари. Против Германија покажавме дека можеме да се спротиставиме секому. Сите гледаат со други очи кон нас. Ќе се фокусираме на првиот натпревар и ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло и зошто да не и пласман во следната рунда.

Претходните Европски првенства ги гледавме на телевизија и навивавме за некоја друга репрезентација. Ова е круна на нашите кариери. Ќе уживаме на натпреварите на Европското првенство“, ни рече фудбалерот за врска на македонската селекција.

  • Комплетната изјава на Стефан Спировски: 

На двата теста против Словенија на први и Казахстан на четврти јуни, Македонија ќе ја темпира формата за големиот собир, каде ќе дебитира на 13 јуни против Австрија