Спировски: На терен да покажеме зошто сите нè гледаат како фаворити (ВИДЕО)

Селекцијата на Македонија се подготвува за пресметката со Косово в четврток, на која е насочен целиот фокус поради историската можност за пласман на еден континентален собир. Игор Ангеловски ја одржа првата прозивка вчера, а играчите напорно работат за важниот меч. 

Фудбалерот на АЕК Ларнака, Стефан Спировски ќе биде еден од одговорните кои ќе мора да го надополнат отсуството на Ељиф Елмас во средниот ред, а тој пред натпреварот изјави... 

„Ова ќе биде можеби мојот најважен меч во кариерата. Се работи за настап за националниот дрес и можност да се избори пласман на Европско првенство. Предноста за нас ќе биде домашниот терен и фактот што сме поквалитетна репрезентација од Косово. Слушаме дека сме фаворити, но тоа треба да го докажеме на терен. Ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме навивачите.

Пандев ќе биде нашиот лидер, тој е најдобриот играч на нашата репрезентација и ќе значи многу на овој натпревар“, смета Спировски.

  • Комплетната изјава на Стефан Спировски:

Дуелот со Косово е најважен, ама не и единствен за Македонија во овој репрезентативен прозорец, бидејќи веќе следната седмица момците на Ангеловски ќе гостуваат кај Естонија и ќе ја дочекаат Грузија