• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски продолжува со фантастичните партии во дресот на Хапоел Тел Авив, клуб за кој настапува од почетокот на оваа сезона.
Одличниот играч за врска полека се наметнува како лидер во својот тим, затоа што покрај стандардните задачи во средината на теренот, во последниот период е и еден од најдобрите стрелци на екипата.
По погодокот против Беер Шева пред 15 дена, вечерва нашиот репрезентативец повторно тресеше противничка мрежа, но овој пат двапати. На натпреварот против Раанана, Спировски го најави и го потврди триумфот на Хапоел Тел Авив од 3-1.
Првиот гол го постигна во 29. минута, додека точка на натпреварот стави во 81. минута.


