Спировски го оперираше коленото и ќе прави пауза од три месеци

Македонскиот репрезентативец и членот на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски, направи операција на коленото која ќе го оддалечи од терените во наредните три месеци.

28-годишниот играч за врска имаше проблеми со медијалниот лигамент и на крај ги послуша советите од докторите и направи оперативен зафат.

Селекторот Игор Ангеловски поради тоа не можеше да смета на неговите услуги во последните неколку натпревари на нашата репрезентација. 

Во тековната сезона, Спировски одигра 14 меча за унгарскиот прволигаш и постигна два гола.

Кариерата ја започна во матичниот Пелистер, а потоа ги бранеше боите на Борац Чачак, Работнички, Берое и Вардар.