Спировски две години во Ларнака: Ќе го дадам најдоброто од себе

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски официјално е промовиран во нов член на кипарска АЕК Ларнака.

Играчот од средниот ред парафира двегодишен договор и во екипата од Кипар ќе остане до 2022 година. Спировски истакна дека е среќен затоа што доаѓа во клуб како што е АЕК Ларнака и вети дека ќе го даде најдоброто од себе.

„Среќен сум што сум овде. Одушевен сум од клуб како што е АЕК Ларнака. Ќе го дадам најдоброто од себе за сите да бидат среќни и ќе се потрудам да бидам што е можно подобар на теренот“, изјави Спировски.

Спировски доаѓа во АЕК Ларнака од Израел каде го носеше дресот на Хапоел Тел Авив. Тој ќе биде третиот македонски фудбалер во тимот, по Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.