Спиркоски успешно опериран, го чека едномесечна пауза

Фудбалерот на врска на битолски Пелистер, Благојче Спиркоски денес успешно беше опериран во Скопје, по повредата на рскавицата на коленото минатиот месец. Еден од најконстантните фудбалери на пролетното изненадување во Првата фудбалска лига го минал зафатот без проблеми и веќе го започна процесот на рехабилитација.

24-годишниот Спиркоски уште неколку дена ќе остане во Скопје, а потоа ќе се лекува во Битола. Периодот на рехабилитација се очекува да биде 3-4 недели, па прилепчанецот со сигурност ќе биде подготвен за новата сезона.

Фудбалерот за врска беше еден од најстандардните оваа сезона во тимот кој најнапред го водеше Штерјовски, а потоа и Капинковски. Пред да дојде во Пелистер, Спиркоски настапуваше за Победа и Македонија ЃП.