Спиркоски: Најдоброто од Гостивар доаѓа во иднина

Ако извојува победа во дуелот против Караорман попладнево, Гостивар ќе замине на зимска пауза како есенски првак во ВМФЛ. По вчерашната победа на Вардар на Кожув „црвено-црните“ се водечки со два бода повеќе од гостиварчани, кои имаат уште еден натпревар до крајот на годината.

Еден од фудбалерите за врска кои го понесоа товарот оваа полусезона, Благојче Спиркоски, со оптимизам гледа на овој дуел.

„Гостивар и во иднина ќе реди успеси. Денес ќе го докажеме нашиот квалитет. Играме дома и ќе го оправдаме првото место. Караорман го респкетрираме, но ние од првата минута ќе нападнеме и трите бода ќе останат во Гостивар“, смета Спиркоски. 

Во првиот дел од шампионатот на Втората лига, Гостивар имаше одличен учинок во директните дуели со кандидатите на промоција во Првата лига. Единствен го совлада Вардар, а славеше и во Битола против Пелистер.

Пролетниот дел од ВМФЛ почнува во февруари 2023 година.