ВИДЕО: Спектакуларни „ножички“ за најавни шпици на Переира од Бразил!

Бразил славеше против Перу со убедливи 4-0, а голот за кој долго ќе се зборува го постигна Андреас Переира од англиски Фулам.

Играчот на „кариоките“ влезе како замена во 69. минута, а само две минути подоцна изведе магија. По асистенција на Луиз Енрике, изведе атрактивни „ножички“ за најавните шпици и ги одушеви сите гледачи на стадионот во Бразилија.

За Андреас Переира ова беше втор гол за Бразил, прв на официјален натпревар во еден квалификациски циклус.