• Сашо Поповски
Првиот меч од плеј-офот во мексиканска Апертура помеѓу Монтереј и Сантос Лагуна беше одлучен со фантастичен погодок на Рожелио Фунес Мори.
По точно еден час игра, фудбалерот на домашната екипа испрати неодбранливи „ножички“ и донесе радост на трибините, а голот многу потсети на мајсторијата на Ривалдо против Валенсија во далечната 2001 година.
Мури ја скроти топката на своите гради и со акробатски удар не му даде шанса на гостинскиот голман.
ROGELIO FUNES MORI Y UNA ESPECTACULAR CHILENA AL ESTILO FRANCESCOLI O CRISTIANO#CentralFOX - No te pierdas este golazo del Mellizo, que pasa por un gran momento en la Liga MX. pic.twitter.com/nucwGM8Epr
— FOX Sports Argentina (@FOXSportsArg) November 29, 2018
Со оваа победа, Монтереј обезбеди одлична предност во пресрет на реваншот наредната недела.