ВИДЕО: Спектакуларни голови на Гомез и Ламарс, Аталанта со петка го „почести“ Каљари

Фудбалерите на Аталанта продолжуваат со одличните настапи во новата сезона на Серија А и во првиот денешен натпревар од четвртото коло на италијанскиот шампионат запишаа нова убедлива победа, по оние над Лацио (1-4) и Торино (4-2).

Момците на Гасперини и попладнево постигнаа четири гола во противничката мрежа, но овој пат за само 45 минути и на рутински начин го совладаа Каљари (5-2), кој сè уште е без триумф во домашниот шампионат. 

  • Извештај од натпреварот: 

Голејадата во Бергамо ја отвори Муриел уште во седмата минута, а потегот на натпреварот се случи во 29. минута, кога Гомез со спектакуларен гол донесе сигурни 2-0 за домаќините. До крајот на првиот дел гостинската мрежа ја затресоа уште Пашалиќ и Запата, па победникот на натпреварот веќе беше решен.

Единствениот гол за Каљари во првиот дел го постигна новото засилување Годин за 1-1, додека во вторите 45 минути Жоао Педро намали на 4-2. Аталанта повторно се отвори и преку атрактивен гол на Ламарс стигна до убедлива победа од 5-2.

Со оваа победа Аталанта се враќа на лидерската позиција на табелата во Серија А со девет бода (13-5), додека Каљари останува на 16. место со само еден бод.