• Иван Димовски

Шведски Ѓургарден ја победи Легија (3-1) во последното коло од лигашкиот дел на Конференциската лига и си обезбеди сигурно место во осминафиналето.
Навивачите на овој шведски тим имаа неверојатна кореографија за време на дуелот со полскиот гостин. Тие истакнаа огромна илустрација со светската божиќна сензација Дедо Мраз, а притоа направија и пиротехничко шоу.
Сепак, Швеѓаните не ја испуштија можноста одново да испратат скриена порака до УЕФА. На коцките во торбата на Дедо Мраз беше испишано во измешан редослед „УЕФА Мафија“, па истакнаа и целосно писмо во кореографијата.