ВИДЕО: Спектакуларен волеј на Лаутаро за триумф над Перу, реми на Бразил и Уругвај

Фудбалерите на Аргентина славеа во мечот од 12. коло против Перу (1-0) во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Светскиот првак до победата стигна со единствениот погодок на Лаутаро Мартинез, кој беше вистинска мајсторија. Напаѓачот на Интер доби нафрлување од Меси, па атрактивно скокна и со ефектен волеј погоди во аголот за 1-0 во 55. минута. 

  • Аргентина - Перу 1-0:

Аргентинците беа доминанти во текот на мечот, не му дозволија на ривалот премногу да игра и заслужено славеа, макар минимално. Со овој триумф тие се одлепија на врвот на табелата со 25 бода, додека Перу е последнопласиран со седум. 

Реми во дербито на рундата одиграа Бразил и Уругвај (1-1). Поведе гостинската селекција на „Фонте Нова“ во Салвадор со погодокот на Федерико Валверде. Уругваецот доби одложена топка на околу 20 метри од Араухо и ја испрати во мрежата на домашните за 0-1 во 55. минута. Сепак, седум подоцна на сцена стапи Жерсон кој со убав волеј донесе израмнување и ги постави конечните 1-1. 

  • Бразил - Уругвај 1-1:

Уругвајците со 20 бода се на втората позиција на табелата од квалификациите, додека Бразил има 18 и е петти.

  • Чиле - Венецуела 4-2:

На останатите терени Боливија и Парагвај ремизираа (2-2), Еквадор минимално се радува во Колумбија (0-1) и Чиле триумфира дома со Венецуела (4-2).

Состави

Лионел Скалони

4-3-3

    Jorge Fossati

    4-4-2