Спектакуларен пресврт на Бетис: Од 0-2, до 3-2 во 18 минути (ВИДЕО)

Бетис продолжи со победите во Примера. И тоа не на било каков начин, туку со спектакуларен пресврт во мечот со Леганес (3-2) во кој губеше до средината на второто полувреме.

Домашниот тим на полувремето имаше 2-0, двоен стрелец беше Раба во 29. и 44. минута, а по 60-тата минута, работите се променија. Тројната измена на гостинската екипа донесе плод, се изнуди пенал кој во 64. минута го погоди ветеранот Иско.

Течеше 78. минута, кога нововлезениот Бакамбу успеа да израмни на 2-2, а целосниот пресвт настана во 82. минута со голот на Кучо Хернандез по додавање на Иско кој мечот го заврши како најдобар на теренот.

Бетис со оваа победа е на делба на петтото место со 44 бода, а Леганес се бори за опстанок.