• Иван Димовски

Фудбалерите на уругвајската репрезентација славеа во спектакуларен натпревар во квалификациите за Светското првенство против Колумбија (3-2). Натпреварот во Монтевидео понуди апсолутно сè. Гостите први поведоа и имаа предност на полувремето, а потоа во продолжението следеше пресврт и вистинска драма во долгото судиско продолжение.
- Уругвај - Колумбија 3-2:
Поведе Колумбија преку Квинтеро, кој стрелаше во 31. минута од натпреварот. На стартот на вториот дел со два гола набрзина Уругвајците дојдоа до пресврт. Давинсон Санчез си даде автогол во 57. минуата, а три минути подоцна Агире погоди за 2-1. Судијата на крајот даде седум минуги продолжение, па младиот Карлос Андре Гомез израмни за 2-2 во шестата минута екстра време.
Уругвајските навивачи прво се разочараа, но потоа Мануел Угарте направи вистинско шоу. Асот на Манчестер Јунајтед постигна погодок во 101. минута за делириум на трибините и триумф на Уругвајците (3-2).
- Перу - Чиле 0-0:
Без победник и голови одиграа селекциите на Перу и Чиле (0-0) кои се на дното на табелата во квалификациската група.