• Горан Упале
Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута имаше забележителен настап во својот нов клуб Валеренга и на дуелот против Стромгосет постигна спектакуларен гол од слободен удар.
Искусниот лев бек, кој ова лето од редовите на Лече се пресели во Норвешка, во стилот на најдобрите изведувачи на слободни удари, од преку 25 метри ја затресе противничката мрежа, за голема радост на домашните фанови.
- Голот на Жута против Стромгосет:
Инаку, на овој дуел Валеренга извојува убедлива победа од 3-0, а овој гол на Жута беше првенец во дресот на новиот клуб.