• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна фантастичен погодок за неговиот тим Пекинг Гуан на натпреварот против Нантонг Жијун, што е негов првенец по трансферот од Динамо Загреб.
Се играше 23-тата минута од натпреварот во кинескиот шампионат кога Адеми со вистиснка бомба од прва ја стресе мрежата на противничкиот голман.
- Деби-голот на Аријан Адеми во Кина:
Адеми се адаптира на Кина, игра на нова позиција, но неговиот тим не бележи баш најдобри резултати.