Спектаклот на „Олд Трафорд“ може да почне: Роналдо од првата минута против Њукасл

Кристијано Роналдо не чекаше многу на своето второ деби за Манчестер Јунајтед. Португалскиот ас по пауза од дванаесет години се врати во англискиот гигант, и веднаш се најде во стартниот состав на Оле Гунер Солскјер.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Роналдо не ги поздрави фановите и доби свирежи пред „Олд Трафорд“!

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Гужви пред „Олд Трафорд“ - фановите го чекаат враќањето на Роналдо!

Португалецот со само неколку тренинзи со екипата го увери норвешкиот менаџер дека е подготвен да истрча од првата минута и тој ќе биде предводник на нападот на „ѓаволите“ на денешното соочување со Њукасл.

Роналдо, во својата прва ера на „Олд Трафорд“ настапи на 292 натпревари за Јунајтед и постигна 118 гола.

Состави

Ралф Рангник

4-4-2