Спектаклот во Белград меѓу Партизан и Манчестер Јунајтед во третото коло на ЛЕ! 

Белградски Партизан ја имаше таа среќа и го доби најпосакуваниот противник во групната фаза на Лига Европа, барем кога во прашање се финансиските добивки, како и популарноста на противникот. 

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед ќе гостува во Белград, а по извлекувањето на групите, познат е распоредот на натпреварите на српскиот вицешамион. 

Партизан неодамна доби ригорозна казна од УЕФА со која два натпревари на домашен терен ќе одигра без гледачи. Тие веќе одиграа еден меч без публика (против Молде), а следниот дуел од казната ќе биде нивниот прв меч на домашен терен од групната фаза во Лига Европа. Но, распоредот посака прв во Белград да гостува тимот на Астана, додека големиот спектакл во Белград е закажан за на 24 октомври, кога ќе допатува Манчестер Јунајтед. 

Првото коло на Лига Европа на програмата е на 19 септември, додека последното на 12 декември.