• Мартин Танасковски
По комплетирањето на плеј-офот во Лигата на нациите, познати се сите учесници на завршниот Ф4-турнир во натпреварувањето на УЕФА кое сигурно ќе понуди спектакл затоа што таму се најдобрите европски селекции.
Шпанија е бранител на тронот, а во полуфиналето ќе игра против Франција. Во второто полуфинале се среќаваат домаќинот Германија и Португалија.
- Полуфинале:
Германија - Португалија - 4 јуни, 20:45 - „Алијанц Арена“, Минхен
Шпанија - Франција - 5 јуни, 20:45 - „МХПАрена“, Штутгарт
Мечот за третото место во кој ќе играат поразените е закажан на 8 јуни од 15:00 часот на „МХПАрена“ во Штутгарт, додека финалето е од 20:45 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.
На овој настан Кристијано Роналдо ќе игра за Златната копачка во Лигата А. Тој е прв стрелец во натпреварувањето со шест гола, пред Тим Клајдиненст од Германија со четири гола, а повеќе имиња имаат по три гола.