• Мартин Танасковски

Фудбалската сезона тргна со стил, затоа што екипата на Порто дојде до титула во Суперкупот совладувајќи го актуелниот првак Спортинг, кого го доби со 4-3 по продолжение и тоа откако во регуларниот дел губеше со три гола.
„Лавовите“ од Лисабон тргнаа фуриозно во натпреварот, многумина веќе им ја препишаа титулата, но, сепак, Порто покажа дека никој не смее да го потцени дури и покрај тренерската смена и заминувањето на главниот играч Мехди Тареми во Интер.
Уште во 6. минута Инасио донесе 1-0 за Спортинг, а потоа Гончалвес зголеми на 2-0 три минути подоцна. Се играше 24. минута кога Кенда по асистенција на Ѓокереш донесе 3-0 за играчите во зелена опрема, но тука не беше крајот.
Порто го најави кам-бекот во 28. минута, кога Галено реализира за 3-1. Во вториот дел, Нико и Галено со два брзи гола во временски интервал во две минути, од 64. до 66. минута изранија на 3-3, а потоа Порто даде и нов гол за 3-4, меѓутоа беше поништен поради офсајд. Мечот замина во продолженија и во екстра-времето човек на одлука беше Иван Хаиме во 101. минута.
Порто со освоената титула го подобри рекордот во Суперкупот на 24 титули и се врати на тронот за првпат по 2022 година.