• Горан Упале

Сантос синоќа го пречека својот херој – Нејмар! По дванаесет години, бразилскиот ас се врати во својот матичен клуб, каде што порасна и од каде во летото 2013 година реализира трансфер во Барселона.
Повратното патување го однесе низ Каталонија, Париз и Саудиска Арабија, а иако потпиша само краткорочен договор, до јуни, тоа не ги спречи навивачите да го наполнат стадион „Вила Белмиро“. Над 15.000 фанови го пречекаа својот „син“, кој не можеше да ги сокрие емоциите и солзите радосници при враќањето во Сантос.
NEYMAR’S FULL PRESENTATION FOR HIS RETURN TO SANTOS pic.twitter.com/HCgeUaXqGl
— Brasil Football (@BrasilEdition) January 31, 2025
Нејмар во првиот мандат во Сантос до својата 21 година одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции, што значи дека учествувал во точно 200 гола за првиот тим. Ќе видиме каков ќе биде неговиот придонес сега, во многу послаба форма и за жал, на крајот од кариерата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.