• Горан Упале
Моисес Каиседо во последен момент минатото лето се реши да ја одбие понудата на Ливерпул и да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, каде веднаш се наметна како еден од лидерите на тимот на Челзи.
Одличниот играч за врска зад себе остави одлична прва сезона во дресот на „сините“, а истата ја зачини со спектакуларен гол во последниот натпревар. На дуелот со Борнмут во Лондон, репрезентативецот од Еквадор погоди од половина терен и на својот тим му донесе предност од 1-0.
- Голот на Каиседо против Борнмут:
За 22-годишниот Каиседо ова беше гол-првенец за Челзи во Премиер лигата.