ВИДЕО: Драма во Загреб – Динамо во 102. минута избегна пораз од Хајдук!

Во најголемото дерби на хрватскиот фудбал, Динамо и Хајдук го поделија пленот на „Максимир“ играјќи нерешено 1-1. Ова беше директна борба за првото место, а со поделбата на бодовите, загрепскиот тим ја задржа водечката позиција.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите од Сплит први зададоа удар и поведоа во 68. минута со голот на Мишел Шег. Тоа беше осмиот гол во тековната сезона за крилниот напаѓач кој пристигна од Вараждин ова лето.

Кога се чинеше дека Хајдук ќе успее да го победи својот најголем ривал и да ги престигне на врвот на табелата, во судиското продолжение следуваше драма.

Натпреварот беше продолжен дури 13 минути, а во 12. минута, албанскиот репрезентативец Арбер Хоџа ги спаси домаќините и им донесе голем бод. Со овој резултат Динамо останува лидар и има еден бод повеќе од Хајдук.