ВИДЕО: Спектакл во Сао Паоло, Дани Алвес претставен пред 40.000 навивачи

Дани Алвес

Над 40.000 навивачи беа присутни на стадионот „Морумби“ на презентацијата на најновото засилување на Сао Паоло, Дани Алвес.

36-годишникот го исполни својот фудбалски сон и доаѓа со 44 освоени титули зад своето име. Приврзаниците на клубот во него гледаат спасител и човек кој ќе го донесе првиот голем трофеј по 2012 година.

На големиот екран на стадионот се појавија многу познати фудбалери и поранешни соиграчи на Бразилецот кои му посакаа добредојде и испратија порака за него и екипата. Алвес постојано беше со насмевка на лицето, а на прес-конференцијата вети напорна работа и успеси во омилениот клуб од детството.

Кака, легендата на бразилскиот фудбал, му го додели дресот со број 10 и го благослови неговото доаѓање.