• Горан Упале
Eкипата на Рома продолжува со совршениот старт во новата сезона на Серија А. „Волчицата“ на домашен терен ја совлада Аталанта со 2-1, и тоа со голем пресврт во финишот од второто полувреме.
- Извешетај од натпреварот:
Аталанта поведе во 47. минута преку Едерсон, но Рома не се предаде. Домашните долго го бараа патот до израмнување, а тој го пронајдоа во самиот финиш. Марио Хермосо во 90. минута погоди за 1-1 и најави драматична завршница.
Само три минути подоцна следеше целосен пресврт. Матијас Суле во 93. минута одлично се снајде по асистенцијата на Дибала и погоди за голема победа на Рома. Така, Рома го повтори сценариото од дербито Интер – Наполи, каде шампионот исто така губеше со 0-2, па со пресврт славеше со 3-2.
Рома по три кола има три победи и максимални девет бода, додека Аталанта, за која од првата минута настапи и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, го претрпе првиот пораз во сезоната.

