Спектакл во Минхен: Уживајте во мајсторијата на Инсиње! (ВИДЕО)

Италија игра како по ноти против Белгија и има предност (1-2), а голот во досегашниот дел од натпреварот го постигна Лоренцо Инсиње, кој реализира од далечина.

Пред финишот на првото полувреме играчот на Наполи си создаде простор и со еден шут од дваесетина метри го матира Тибо Куртоа. „Аѕурите“ беа во транс, меѓутоа еден несмасен потег им ја скрати радоста.

  • Голот на Лоренцо Инсиње:

Кога сите чекаа крај на првиот дел, Белгија доби пенал, па со погодок на Лукаку од белата точка се врати во натпреварот. Првиот гол за Италија го постигна Николо Барела.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Роберто Манчини

    4-3-3