ВИДЕО: Спектакл во Лондон, Арсенал го среди Вест Хем во меч со СЕДУМ гола во едно полувреме!

Фудбалерите на Вест Хем и Арсенал го одиграа можеби највозбудливиот и најатрактивниот натпревар во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата, откако на „Лондон Стадиум“ паднаа седум гола, и тоа сите во првото полувреме. На крај победа славеа „топџиите“ со убедливи 2-5 (2-5).

  • Извештај од натпреварот:

Со вечерашните три бода Арсенал го претекна Брајтон на премиерлигашката табела и сега е на второто место, но таму ќе остана само во случај ако Манчестер Сити и Челзи не победат во утрешните средби со Ливерпул, односно Астон Вила. „Чеканите“, пак, по триумфот со Њукасл на гости, им се врати на старите навики и го впиша шестиот овосезонски пораз. 

Момците на Микел Артета фуриозно го започнаа вечерашното дерби и во период од 26 минути постигнаа дури четири гола и ставија крај на сите надежи на домаќините. Резултатот го отвори Габриел, па стрелаше Тросард. На 0-3 зголеми Одегард, кој го постигна првиот гол по враќањето од повредата, додека домашната мрежа ја стресе и Хаверц. Арон Ван Бисака по погодокот со Њукасл и вечерва ја погоди целта, а спектакуларен гол постигна Емерсон за 2-4. Голеадата во првото полувреме ја запечати Сака, кој по двете асистенции ја запечати победата на својот тим. 

Во следното коло, кое се игра во текот на следната недела, Арсенал го игра големото дерби со Манчестер Јунајтед, додека Вест Хем ќе гостува кај Лестер на дебито на новиот менаџер на „лисиците“ Руд Ван Нистелрој.
 

Состави

Јулен Лопетеги

4-2-3-1

    Микел Артета

    4-3-3