Спектакл во Лисабон: Сензационален пресврт на Порто за спас на сезоната (ВИДЕО)

Евандро

Екипата на Порто остана во трката за титулата, откако во 23. коло, пос неверојатен пресврт, славеше против екипата на Мореирензе (3-2).

Гостинската екипа испушти предност од 0-2 на „Драгао“, а Порто уште еднаш покажа зошто португалското првенство не треба да се потцени. Домашната екипа изгледаше загубено по првите 30 минути, кога неочекувано се најде во негатива од два гола. Сепак, „сино-белите“ направија неверојатен пресврт, кој ги остави во игра за шампионската титула. Лајун, Сук и Евандро беа хероите на домашната публика.

Со оваа победа, Порто сега заостанува само три бода зад лидерите, Бенфика и Спортинг од Лисабон.