ВИДЕО: Спектакл во Јужна Африка, Барса убедлива против Мамелоди!

На коло до крајот од шпанскиот шампионат, екипата на Барселона вечерва одигра пријателски натпревар против тимот од Јужна Африка, Мамелоди Сандаунс. 

Во рамки од „Mandela Centenary Cup“ каталонскиот клуб пред полни трибини славеше убедлива победа над домашната екипа од 1-3 (0-2). Резултатот го отвори Дембеле во 3. минута, потоа Суарез зголеми на 0-2, додека Андре Гомеш во 67. минута го постигна последниот погодок за шпанскиот шампион. Голема радост на домашната публика им донесе Вилаказа за конечни 1-3. 

Моментот на мечот се случи во 74. минута, кога преполниот стадион „експлодира“ по влегувањето на Лионел Меси во игра. Токму аргентинскиот ас пред самиот финиш пропушти шанса за уште поубедлива победа на својата екипа.

Каталонскиот гигант оваа сезона ја завршува овој викенд со домашниот натпревар против Реал Сосиедад.