• Горан Упале
Серијата без пораз на Галатасарај заврши во 28. коло од турската Суперлига. Во големото истанбулско дерби Галата беше надигран од лутиот ривал Бешикташ со 2-1.
- Извшетај од натпреварот:
Домаќините поведоа во 23. минута кога Рафа Силва изведе вистинско ремек-дело, по асистенција на сонародникот Жоао Марио. Галатасарај во 36. минута остана со десетмина во поле, откако Франковски беше исклучен, но сепак успеа да израмни во последната минута од полувремето со брилијантниот гол на Тореира. Тоа беше втор гол за Уругваецот оваа сезона, а можеби и најдобар во неговата кариера.
Решавачкиот момент се случи во 66. минута кога Жедсон Фернандеш постигна гол за победа на Бешикташ, прв по трите последователни порази против големиот ривал. Асистент повторно беше Жоао Марио.
Поразот од Галатасарај може да биде од корист за Фенербахче, кој моментално има шест бода помалку лидерот во лигата, но и натпревар помалку.