ВИДЕО: Спектакл на трибини, но разочарување на терен – Ривeр и Бока се испотепаа за бод! 

По двата луди натпревари во финалето на Копа Либертадорес, првото овосезонско дерби меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс заврши без со непопуларно реми од 0-0.

Како и пред секое големо дерби на аргентинскиот фудбал, актерите на мечот беа пеколно пречекани на „Монументал“, но тотално ги разочараа своите фанови со прикажаната игра.

„Суперкласико“ започна со борбена и груба игра, Хурдадо и Лопез беа на работ уште во раната фаза од мечот да заработат црвени картони заради груби фаули, но Рапалини им прогледа низ прсти и ги опомена само со жолти картони. 

Од бледите први 45 минути за издвојување е само уште ударот на Де Ла Круз, кој заврши во рацете на добро поставениот Андрада. 

Ниту во вториот дел настаните на мечот не се променија, воглавно се играше на половината на Бока, која не попушти во ниту еден момент, беше одлично организирана во дефанзивата и навремено ги сопираше сите налети на домаќините. 

Но, едно мало невнимание, можеше да ја чини погодок за водство на Ривер Плата. Прато како да беше изненаден од пружената шанса и биеше високо над голот, па домаќините мораа да се задоволат само со еден бод од ова дерби.