ВИДЕО: Спектакл на „Ла Бомбоњера“ - Бока во јужноамерикански стил ја прослави титулата!

На едно коло пред крајот на Суперлигата, екипата на Бока Јуниорс по пауза од една година повторно е првак на аргентинскиот шампионат. 

Еден од најпопуларните клубови на светот стигна до посакуваниот бод од синоќешниот гостински меч против Гимназија Ла Плата (2-2) и донесе голема радост кај своите фанови. По мечот фудбалерите на Бока отпатуваа директно на својот легендарен стадион „Ла Бомбоњера“, каде имаа спектакуларен дочек од многубројните навивачи. 

Оваа титула на Бока е нејзина 33. во клупската историја, која трае цели 113 години.