Спектакл на „Јохан Кројф“: Ајакс двапати губеше, па на крај го совлада ПСВ!

Фудбалерите на Ајакс извојуваа голема победа во спектакуларното дерби на Холандија над ПСВ Ајндховен со 3-2 и се приклучија кон трката за шампионската титула во Ередивизија.

Бранителот на титулата беше благ фаворит на оваа средба, затоа што досегашниот скор му беше „десет од десет“, но на крај храбрите момци на младиот италијански тренер Фариоли се изборија за незаборавна победа, осма оваа сезона.

ПСВ Ајндховен двапати водеше со головите на Лук де Јонг и Иван Перишиќ, но Класен прво израмни на 1-1, па Фиц-Џим на 2-2, додека Годс го комплетира пресврт за голема радост на „Јохан Кројф Арена“.

ПСВ Ајндховен остана лидер со 30 бода, додека Ајакс има 25 бода, но и натпревар помалку, па борбата за титулата допрва почнува.

Состави

Франческо Фариоли

4-3-3

    Peter Bosz

    4-3-3