Специјална кореографија, леташе на раце и доби шпалир: Достојно испраќање за Марко Ројс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со убедлива победа над Дармштад (4-0) ја завршија сезоната во Бундеслигата како петтопласирани. Својот последен меч на „Сигнал Идуна Парк“ го одигра легендарниот Марко Ројс. Германскиот ветеран по 12 сезони заминува од редовите на „милионерите“, а заминувањето му е во голем стил бидејќи даде гол од слободен удар. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Класата е вечна – Ројс со ЕВРОГОЛ се прости од фановите на Борусија!

Сепак, освен што Ројс се прости од Борусија достојно, тој доби и испраќање какво што му доликува. При излегувањето на играчите на теренот офанзивецот кој ја носеше капитенската лента доби специјална кореографија од „Жолтиот ѕид“ на која пишуваше: „Ти благодариме, Марко“. 

За време на натпреварот, по постигнувањето на ефектниот погодок соиграчите го кренаа Марко Ројс на раце и тој полета над нив, а му направија огромна чест и на крајот. Тренерот Един Терзиќ очекувано го повлече пред крајот на мечот, тој доби аплаузи и овации на отворена сцена, меѓутоа и шпалир од своите соиграчи. 

Емотивниот Ројс дефинитивно никогаш нема да го заборави својот последен натпревар на култниот „Вестфален“ за Борусија и простувањето пред „Жолтиот ѕид“...

Состави

Нико Ковач

4-4-2

    Флоријан Кофелд

    3-5-2