ВИДЕО: Специјалисти за 1-0, еве колку минималци запиша Симеоне со Атлетико

Екипата на Атлетико Мадрид игра дефанзивен фудбал, па головите многу често изостануваат од неговите натпревари. Доста често „јорганџиите“ победуваат со минималец. Статистичарите пресметаа колку триумфи со овој резултат се запишани откако пристигна Диего Симеоне. 

Атлетико е на врвот со рекордни 57 победи, а потоа следуваат Атлетик Билбао (34), Еспањол (31), Барселона (19) и Реал Мадрид (10).

Првите две победи во новиот шампионат од Примера, Атлетико ги запиша токму со резултат 1-0. Една на гости кај Леганес и една пред своите гледачи против Хетафе.