ВИДЕО: Специја и Беневенто со реми ги продолжија сериите без триумф

Фудбалерите на Специја и Беневенто ги поделија бодовите на средбата од 26. коло на Серија А, откако одиграа реми од 1-1 (0-1). Натпреварот на „Алберто Пицо“ понуди по еден гол во двете полувремиња, а избраниците на Пипо Инзаги испуштија шанса по девет средби да запишат победа. 

Со по една шанса на двете страни, преку Гаич и Бастони, Беневенто и Специја најавија дека сакаат голови. Резултатот го отворија гостите, течеше 24. минута кога Адолфо Гаич. Добра топка кон напаѓачот испрати Виола, а Гаич го матира Зот од зицер позиција (0-1). 

По примениот гол, Специја се разигра. Даниеле Верде и Ардиан Исмајли се заканија пред полувремето, но Монтипо го остави Беневенто во предност. Ниту по паузата немаше промени, Гиаси ја стресе пречката за домашните, а отпорот конечно беше скршен во 71. минута. Даниеле Верде собра одбиена топка по невниманието на голманот Монтипо и постигна гол за конечните 1-1 и реми на својот тим.

Специја и Беневенто се израмнети со по 26 бодови и се наоѓаат на 14 и 15 позиција во Серија А.