ВИДЕО: Спасовска и Балла „стрелаа“, победа на девојките до 17 години и против Луксембург

Македонската женска репрезентација до 17 години славеше против Луксембург (2-0) за втора победа на квалификацискиот турнир за ЕП – Б лига, кој се игра во Струмица. 

Лана Спасовска во 17. минута од натпреварот погоди за водство на Македонија од 1-0, а девет минути подоцна Лаила Балла ја удвои предноста, поставувајќи го и конечниот резултат.
Нашата селекција, на отворањето на турнирот запиша победа против Грузија, а младите фудбалерки третиот меч од квалификациите ќе го одиграат против Северна Ирска на 6. март од 13:00 часот во Струмица.

Македонија до 17 години: 1. Е. Вељановска, 11. Б. Алиеска, 5. Е. Наневска (59` Мацевска), 3. Л. Мицовска, 2. Б. Фида, 9. Е. Наумовска (85` Речи), 10. А. Цветковска, 13. Е. Ивковиќ (74` Ивковиќ), 20. Л. Спасовска (59` Лазеска), 19. Л. Белла (74` Каранфиловска), 7. Р. Пецева; Селектор: Катерина Милеска

По две одиграни кола, Македонија и Северна Ирска имаат по шест освоени бодови, додека Грузија и Луксембург се без поени.