„Спасителот“ на Јуве е најдобар напаѓач на сезоната во Серија А!

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ и официјално е прогласен за најдобар напаѓач на италијанската Серија А. Фудбалерот на Јувентус ја одигра веројатно најдобрата сезона во кариерата, а со „старата дама“ успеа да го освои и првиот трофеј - Купот на Италија.

Иако Серија А не ja заврши на најдобар начин, Влаховиќ ја доби наградата за најдобар напаѓач на лигата, откако постигна 16 гола.

Само Лаутаро Мартинез даде повеќе од него, но најверојатно константните проблеми со кои се бореше Јувентус во текот на сезоната дополнително придонесоа настапот на Влаховиќ повеќе да се вреднува.

Во изборот за оваа награда српскиот ас зад себе ги остави Пауло Дибала од Рома, како и Рафаел Леао од Милан.