• Иван Димовски
Фудбалерите на Спартак Варна врзаа пет натпревари без пораз во бугарската Ефбет лига, откако ремизираа кај Лудогорец (1-1) во рамките на 12. коло.
Тимот кој од клупата го води македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски фати добар ритам во бугарскиот шампионат и се наоѓа на седмото место на табелата. Спартак како да стана експерт за нерешени, а од доаѓањето на клупата Хаџиевски има две победи, седум нерешени исходи и три порази во официјалните натпревари.
На тешкото гостување кај Лудогорец во Разград удел имаше и Георг Стојановски. Младиот напаѓач беше асистент на единствениот гол за неговиот Спартак кој го постигна Ксанде во првиот дел.






