ВИДЕО: Спартак слави во градското дерби со Динамо и го освои Купот

Фудбалерите на Спартак Москва го освоија Купот на Русија, откако во финалето славеа во пресметката со Динамо Москва со 2-1 (1-0). Екипата која и пред стартот ја имаше благата фаворитска улога, дојде до целта и триумфирашпе на „Лужники“ во Москва. 

По само десет минути игра Александар Соболев донесе предност за својата екипа, откако по асистенција на Игнатов стрелаше за 1-0. Спартак успеа да ја одржи предноста во првиот дел без преголеми проблеми, бидејќи ја умртви играта и играше сигурно. Израмнувачкиот погодок дојде во 55. минута, по стартот на полувремето, преку Арсен Закариан (1-1). 

Сепак, Спартак во продолжението успеа да ја врати предноста. Квинси Промес добро се снајде и по проигрување од Соболев погоди за 2-1 и конечна победа на неговиот тим. До крајот Динамо немаше сили за кам-бек и мораше да се помири со поразот. 

Освен трофејот во Купот на Русија, Спартак Москва си заработи и излез во Европа за следната сезона.