• Зоран Мишевски

Италијанскиот стручњак Андреа Страмачони денес заработи отказ од тренерската позиција во чешкиот гигант Спарта од Прага. Поранешниот тренер на Интер, Удинезе и Панатинаикос ја плати цената на слабите резултати на славниот прашки клуб.
Спарта падна на петтата позиција во чешкото првенство, а брзо испадна и од Лига Европа. Клубот деновиве ќе го назначи неговиот наследник, но многу веројтно тој ќе биде чешки стручњак.
Страмачони потроши 15 милиони евра на засилувања, но Спарта воопшто не наликуваше на шампионски тим во периодот кога тој ја водеше екипата.