Спалети заминува налето: Кинеските сопственции ја пронајдоа неговата замена

Антонио Конте

Без оглед на достигнувањата и резултатите во тековната сезона, Лучијано Спалети налето ќе си замине од екипата на Интер.

Газдите на „неразурите“ веќе одлучиле да го заменат 59-годишниот стратег со уште еден Италијанец. Се работи за Антонио Конте, кој моментално прави пауза од фудбалските терени.

Во Италија на големо се пишува дека поголемиот дел од договорот на Конте е завршен, па се очекува во наредните неколку месеци да се финализираат последните детали.

Заедно со бонусите, поранешниот тренер на Јувентус и Челзи би требало да заработува околу десет милиони по сезона. Договорот ќе му биде на три години, а исто така ќе добие слобода да направи целосна реконструкција на сегашниот ростер.