Спалети: Влаховиќ сака да остане во Јувентус!

Новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, откри дека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ има желба да го продолжи својот престој во торинскиот клуб и по завршувањето на актуелниот договор следното лето.

Судбината на напаѓачот е неизвесна во последно време, но изјавата на Спалети доаѓа во вистински момент, особено кога Србинот прикажува сѐ подобра форма. 

„Душан е навикнат на притисокот што го носи дресот на еден ваков голем клуб. Разговарав со него неколку пати на тренинзите и можам да кажам дека би бил воодушевен да остане овде. Не го загрижува договорот, тој само сака да игра фудбал. 

Изјавата на италијанскиот стратег е јасен сигнал дека Влаховиќ има централна улога во плановите на новиот тренер. Српскиот голгетер оваа сезона е меѓу најважните играчи на Јувентус, а неговата посветеност и амбиција дополнително го зацврстуваат неговиот статус во тимот. 

Влаховиќ досега постигна пет голови во сите конкуренции, но често не беше стартер во тимот на „бјанконерите“. На последните три меча ги одигра скоро сите 90 минути и постигна еден погодок во победата над Удинезе со конечни 3-1.