• Горан Упале
Лучијано Спалети, тренерот на новиот шампион на Италија, Наполи, по натпреварот со Интер изјави дека работата околу неговото заминување од клубот од Неапол е решена, пренесуваат италијанските медиуми.
И покрај тоа што го освои скудетото, кое доаѓа во Неапол по 33 години, Спалети нема да остане во градот во подножјето на Везув.
„Работата е решена, не се предомислувате секој ден. Ова е ситуација која се подготвува веќе некое време. Кога работите од утро до вечер, некои работи созреваат во вашиот ум, бидејќи мора постојано да го организирате овој спектакл.
Ако се убедени дека не можете да обезбедите сè што луѓето заслужуваат, време е да размислите. Кога размислувате, доаѓате до заклучок и се држите до него. Тоа не е нешто што паѓа од небо“, истакна Спалети.
Италијанските медиуми пренесуваат дека има неколку кандидати да го заменат Спалети, како Антонио Конте, Рафа Бенитез, Тиаго Мота, Винченцо Италијано и Џанпјеро Гасперини.