• Саше Љолес
По продолжувањето на договорот со Јувентус до 2028 година, Лучијано Спалети им се обратил на играчите со кратка и мотивирачка порака.
Тој нагласил дека сакал тие први да ја дознаат веста и дека одлуката е донесена со заедничка визија:
„Сакав прво вие да го знаете ова - решивме да го продолжиме договорот за уште две години. Имаме предизвици пред нас, но сум убеден дека заедно можеме да постигнеме големи работи“, рекол Спалети.
Воедно, им се обрати и на навивачите кои дојдоа да го проследат тимскиот тренинг и да му дадат поддршка на тренерот.
„Вие сте движечката сила на овој клуб. Знам дека апетитите се огромни, знам дека сакате да се бориме за титулата, тоа ќе биде долг и тежок пат, но верувам дека можеме заедно да ја оствариме целта“, изјави преводникот на „бјанконерите“.
Со оваа порака, Спалети испрати јасен сигнал дека продолжувањето на договорот го гледа како заеднички проект со тимот и како чекор кон поголеми успеси во иднина.












