Спалети не бил задоволен од играта на Елмас против Јувентус

Елмас Спалети

Ељиф Елмас одигра три тешки меча за Македонија во квалификациите за Мундијалот, а потоа веднаш се стави на располагање на Лучијано Спалети во Наполи.

Изминатиот викенд се одигра дербито во Серија А на кое тимот на македонскиот фудбалер го победи Јувентус (2-1).

Домашниот тренер одново му даде доверба на 21-годишникот да започне од првата минута. Меѓутоа, не беше задоволен од изведбата на неговите тактички замисли од страна на нашиот интернационалец.

Поради тоа следуваше негова реакција на полувреме. Елмас беше заменет од Адам Оунас и доби замерки за одиграното од страна на првиот тренер на „наполитанците“.

Наполи е една од трите екипи со перфектен скор на стартот од новата сезона, заедно со Интер и Рома.