• Зоран Мишевски

Сезонава се предвидува изедначена борба за врвот во италијанската Серија А. Наполи е единствениот тим со максимални четири победи на стартот на новата сезона. Сепак, новиот тренер Лучијано Спалети не го вбројува својот тим меѓу кандидатите за освојување на титулата.
„Сезоната е долга, но ние дефинитивно имаме сериозен квалитет. Ни недостасува доволно долга клупа и тоа ја прави разликата со фаворитите. Милан е многу силен тим, Интер функционира добро, иако ги загуби Хакими и Лукаку.
Ние имаме моќен напад. Осимхен е одличен кога добива слободен простор. Следуваат натпревари со многу силни ривали, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Спалети.
В четврток во Џенова против Сампдорија, следува нов испит на зрелоста за екипата која заврши на петтото место во минатиот шампионат на Италија.