Спалети: Мурињо е тренер кој го крева квалитетот на целата лига во која работи

Предводникот на Наполи и Ељиф Елмас, Лучијано Спалети го најави натпреварот против својот поранешен тим. Дуелот со Рома ќе биде вистински тест за досега максималните „партенопеи“, кои имаат осум победи во исто толку средби на стартот на сезоната. 

„Натпреварот во Рим ќе биде многу важен за иднината на Наполи. Рома е силен тим, со искусен тренер и нема да биде лесно. Мурињо е тренер кој го крева квалитетот на целата лига во која работи. Тие можат да се борат против секој ривал.

Жозе секогаш знае што треба да прави, а утре ќе одредам како ќе играме. Играме против ривал кој ќе се бори за врвот, и ние и тие размислуваат за враќање во Лигата на шампионите. Во секој случај, ќе биде навистина тешко“, изјави Спалети. 

Утрешното прво дерби во италијанската Серија А ќе се одигра од 18:00 часот, на „Олимпико“ во Рим. Во вечерниот термин ќе се игра и „Дерби Д'Италија“ меѓу Интер и Јувентус.