• Иван Димовски
Јувентус и Лучијано Спалети си подадоа рака, откако двете страни ги договориле сите детали за новиот договор кој ќе биде во важност до 2028 година.
Според последните информации од Италија, договорот бил постигнат за време на репрезентативната пауза, а во клубот веќе започнало одбројувањето до официјалниот потпис. Се очекува Спалети да стави потпис најдоцна до натпреварот со Аталанта.
Финансиските услови се шпекулира дека ќе бидат плата меѓу пет и шест милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси, што јасно покажува дека „старата дама“ има сериозни планови за иднината.
Во Торино веруваат дека продолжувањето на соработката со Спалети ќе донесе стабилност и ќе биде силен адут и на трансфер пазарот, особено во обидите да се донесат звучни имиња без обештетување. Меѓу потенцијалните засилувања се споменуваат Бернардо Силва од Манчестер Сити и Леон Горецка од Баерн Минхен, за кого интерес покажува и Милан. Двајцата се на истек на договорите и налето се бесплатни опции, меѓутоа нема да биде лесно да се победи конкуренцијата.

